еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Осум до 10% од популацијата има одреден степен на хронична бубрежна болест, контролите важни за рано откривање на болеста

Се смета дека осум до 10 отсто од општата популација има одреден степен на хронична бубрежна болест. Во раните стадиуми, болеста е без симптоми, се случува тивко и пациентите воопшто не знаат дека ја имаат. Лекарите препорачуваат редовни превентивни прегледи со кои може да се открие болеста уште во раните стадиуми и со тоа да се спречи нејзината прогресија.

– Најчестите причини за оваа болест се покачен крвен притисок – артериска хипертензија и дијабет. Со нивно навремено и правилно лекување, ќе спречиме развој на хронична бубрежна болест, вели директорката на Клиниката за нефрологија Ирена Рамбабова Бушљетиќ во изјава за МИА.

Во нашата држава, бројот на пациенти кои имаат потреба од хроничен хемодијализен третман се движи помеѓу 1.300 до 1.600 лица.

-Статистичките податоци од 2021 година укажуваат дека кај нас има околу 1.390 пациенти на хемодијализа, вели Рамбабова-Бушљетиќ.

Четириесет и девет пациенти кои оделе на дијализа починале како последица од корона вирусот што е за околу пет проценти повеќе во споредба со морталитетот што е забележан на годишно ниво кај

Освен на Клиниката за нефрологија каде секојдневно се третираат пациенти кои одат на дијализа, хемодијализен третман се врши и во уште неколку центри за дијализа низ државава како што се Диаверум, Нефроплус и Диамес, Заводот за нефрологија во Струга, а центар за дијализа има и во Градската општа болница „8 Септември“.

Листата за чекање за трансплантација на бубрег се движи од 130 до 160 пациенти, но оваа бројка, како што нагласува директорката на Клиниката за нефрологија, е променлива, бидејќи постојано се врши обновување на испитувањата на потенцијалните приматели на бубрег.

Досега во земјава извршени се трансплантации кај 250 пациенти, а најголем број вакви интервенции од починат донор извршени се во 2021 година.

Дваесет и седумгодишен пациент на дијализа доби бубрег од починатата девојка чие семејство ги донираше органите. Министерството за здравство попладнево соопшти дека во тек е и втората транспл

Значајно е дека 2021 е година со најголем број на изведени трансплантации од починат дарител (16), во услови на функционирање на здравствениот систем во ковид – пандемија. Во периодот од 2020 до 2022 година, направени се вкупно 62 трансплантации на бубрег. Од вкупниот број, 30 се бубрези добиени од починат дарител, појаснува Рамбабова Бушљетиќ за МИА.

Во март традиционално одбележување на Светскиот ден на бубрегот

Од 2006 година традиционално секоја година во вториот четврток од март се одбележува Светскиот ден на бубрегот под различно мото со цел да се нагласат најзначајните проблеми со кои се соочуваат пациентите со бубрежни заболувања, но и да се разговара за превенцијата. Годинашното мото е „Здрави бубрези за сите. Да го очекуваме неочекуваното – да ги заштитиме најранливите!“.

Во рамки на денешното одбележување на Светскиот ден на бубрегот најавени се настани во организација на Клиниката за нефрологија во Скопје и на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарските барања засега не се вклучени во преговарачката рамка, се чека исходот од состанокот во Берлин

Редакција

Повеќе од 3.000 матуранти биле фатени како препишуваат на испитот по англиски јазик

Редакција

Во полициска акција „Бегалец“ уапсени синовите на убиениот Дилавер Бојку – Леку

Редакција