Бизнисменот Орце Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра во државниот буџет, откако се спогодил со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Империја“, изјави за Топ тема на Телма, раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска.
Според нејзините информации кои ги добила од обвинителката која го води случајот, Камчев зел кредит, а хипотеките треба да ги испита банката.
Камчев со спогодба признал вина за случајот „Империја“ и е осуден на една година затвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детали од Обвинителството за спогодбата на Камчев за „Империја„
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.