еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Откриен изворот на загадување во реката Брегалница

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски објави на социјалните мрежи дека е откриен сторителот на еколошкиот инцидент во реката Брегалница, што се случи попладнево.

Тој вели дека заедно со претставници на риболовното друштво „Брегалница“ и загрижени граѓани бил на терен и го пронашле изворот на загадувањето во реката Брегалница, како што вели во еден од превозниците во ТИРЗ зоната.

„Повикав надлежен инспектор и крим полиција кои се на лице место. Калкулации не смее да има. Секој мора да ја сноси одговорноста на своите постапки“, вели Бочварски.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули вели дека е известен за еколошкиот инцидент, кој попладнево се случи во реката Брегалница, откако од каналот за отпадни води на поранешниот текстилен комбинат Македонка, па се по течението на Брегалница низ градот Штип е со обоена густа бела боја, а има и тежок мирис на лак.

Макрадули вели дека разговарал го градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски веднаш по инцидентот и го известил и Државниот инспекторат за животна средина. Дециден е дека инспекторите мора да постапуваат.

МИА и претходно информираше дека полицијата беше излезена на терен. Во исто време ќе се проверуваат и еколошките дозволи на фирмите во кругот на Македонка, од каде денеска истекуваше белата густа течност со тежок мирис на лак.

Брегалница првпат не ја менува бојата. Пред две години водата се обои во црна, сина и црвена боја. Инспекторите тогаш не открија виновници, утврдија дека се работи за затнување на каналите за отпадна вода, но беа откриени пропусти кај неколку компании што се занимаваат со боење ткаенини, а се лоцирани во кругот на поранешниот текстилен комбинат Македонка.

МИА/Фото: Штипска идила

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земени мостри од местото каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница

Еколошка хаварија: Реката Брегалница побеле во штипскиот регион

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

360 степени: Министерката Сања Божиновска има и бугарско државјанство

Редакција

Инфлацијата во јуни 3,2%

Редакција

Откриени првите мутации на корона вирусот во Македонија

Редакција