еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Отров општество: Ќе те смачкаат на улица како Цековска и убиецот ќе добие само три години затвор

Затворската казна за возачот што ја покоси младата студентка Фросина Цековска на улица, и кој патем, не се ни сврте да види што направил, е намалена од шест на три години.

Знае ли судот каква порака испраќа со оваа одлука? Не само што не се оди во насока казните да стануваат се поригорозни, туку напротив, ја олабавуваат угодноста на убијците по улиците.

Кога по „Партизанска“ возиш како на автопат, ти си свесен убиец. Освен што нема полиција да ги лови, сите дивјаци ги гледаме и слушаме, само надлежните не. Со оваа порака од Апелација, сега (додуша не само сега) гледаме дека и правдата е на страна на убијците.

Три години затвор??? „Лаганица“. Прекинуваш соништа на млад човек, обвиваш семејство во црно и тага, и си заштитен од државата. Таа има милост кон тебе, ти ја преполовува казната наместо да ти ја удвои.

Има ли бре кој во оваа држава да го заштити обичниот граѓанин? Бидејќи нема, ќе си ја бара среќата во туѓина. Дали сега е појасно зошто се иселуваат. Никогаш не е само до парите. Имало добро ситуирани семејства, што си заминале од тука. А, зошто? Заради вакви работи.

Не се чувствуваат ниту безбедни, ниту заштитени. Казната за убиецот на Фросина го потврдува тоа. Едноставно, правдата е на некое друго место, таа во оваа држава не вирее за граѓаните.

Тие не веруваат во институциите, секојдневно чувствуваат дека не работат во нивен интерес. И по секоја нанесена неправда, се еден чекор поблиску до патување во еден правец.

Само продолжете, ќе немате кого да убивате!!!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Животот на младата Цековска чини само три години затвор за возачот што ја покоси

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Илинден“ го доби тендерот на општина Струга за изградба на улици и патишта вреден 406.000 евра

Редакција

Секој ден по еден Русин добива бугарски пасош, лани 1.992 Македонци добиле бугарско државјанство

Редакција

Вкупно 3.439 здравствени работници во Македонија заболеле со Ковид-19, починале 23

Редакција