еМагазин
Image default
Македонија

Отстранување на границите на Балканот само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, вели Заев

Премиерот Зоран Заев вели дека Владата досега не го добила и немала можност да го види нон-пејперот на словенечкиот премиер Јанез Јанша, во кој тој наводно пишува за промена на границите на Балканот.

Република Северна Македонија, вели Заев е суверена земја, а нејзиниот интегритет е загарантиран и со Уставот, но и со Договорот за членство во НАТО. Промена на границите на Балканот, дециден е Заев, е можна само во форма на нивно отстранување во момент кога балканските земји ќе станат земји членки на ЕУ.

– Република Северна Македонија е членка на НАТО, и нејзината стабилност, сигурност и територијален интегритет и суверенитет е загарантиран и со членот пет од Договорот за полноправно членство во Алијансата, покрај тоа што ние го гарантираме и со нашиот Устав.

Истовремено како Влада веруваме во можноста за отстранување на границите единтвено при членување во Европската унија, како земјите стануваат нејзини членки и ги исполнуваат условите од Шенген механизмот.

Тоа значи границите се отвораат за да може сите да бидеме членки на европското семејство, како што нема граници меѓу Австрија и Германија, Австрија и Италија, Полска и Чешка, рече премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Само на тој начин, потенцира Заев, може да дојде до промени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Секое прекројување на гранците на Балканот ќе донесе дестабилизација на регионот

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Државата догорува како свеќа пред зори“, вели професорот Трајковски за слабиот упис на Универзитетот во Битола

Редакција

(Видео) Демолирано кафуле на сопственикот на т.н. дискотека и каменувана зградата на Општината Кочани

Редакција

Што велат од Владата за уцените од Бугарија во однос на македонскиот јазик

Редакција