еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Оваа пролет плаќајте со НЛБ Pay мобилниот паричник и добијте можност за нов велосипед

Во периодот од 12.4.2021 до 30.5.2021 година НЛБ Банка води промотивна кампања за НЛБ Pay мобилниот паричник пришто корисниците ќе добијат можност оваа пролет да се подноват со нов градски велосипед, информираат од Банката.

Во рамки на кампањата Банката еднаш неделно ќе доделува велосипед на корисникот кој во изминатата недела направил најголем број на трансакции со НЛБ Pay – мобилниот паричник.

На веб страницата и на социјалните мрежи на Банката, почнувајќи од 23 април, секој петок, во период до 30 мај ќе биде објавуван најактивниот НЛБ Pay корисник за изминатата недела.

НЛБ Pay е мобилна апликација наменета за физички лица корисници на Mastercard и VISA платежните картички која овозможува плаќање директно преку мобилен телефон.

Овој сервис преку дигитализација на Mastercard и VISA платежните картички нуди современ и софистициран начин на плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство за разлика од конвенционалниот начин на плаќање со платежните картички.

Плаќањата се извршуваат брзо, едноставно и бесконтактно, со што Вашиот мобилен телефон се претвора во виртуелен паричник. Услугата е достапна за сите клиенти кои поседуваат мобилен уред со Android оперативен систем и NFC технологија.

Со оваа акција на НЛБ Банка плаќањето со мобилен телефон тукушто стана повозбудливо, бидејќи на клиентите им отвора можност да се подноват со нов велосипед и да ги освојат градските улици.

Повеќе информации за услугата можете да добиете на веб страницата на Банката: www.nlb.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Поточиња 2019” на 30. и 31. март во Македонска опера и балет

Редакција

(Галерија) За прв пат Василичарски оган запален на дното на Охридско Езеро

Редакција

Да бидеме ние нивните херои, потпишете ја петицијата за бенифициран стаж за сите здравствени работници

Редакција