еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јовески за МИА: Ставот на Обвинителството беше да не се прифати гаранцијата за Мијалков

Да не се прифати понудената гаранција за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, беше ставот на Обвинителството во постапка што се водеше. Овој став, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, произлегува од неколку причини.

Не мало значење, според него, има и податокот дека за дел на имотот претходно е воспоставена хипотека од Комерцијална банка Скопје.

– Ставот на Обвинителството во целата постапка што се водеше по повод понудената гаранција за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше да не се прифати понудената гаранција од неколку причини.

Обвинителството даваше негативни предлози затоа што процени дека нема увид во имотната состојба на обвинетиот и второ имотот којшто се нуди за гаранција се состои во недвижни предмети кои се нудат по исклучок, инаку гаранцијата по правило се полага во готови пари од една страна, од друга страна понудениот имот нема доволен квалитет за да може брзо да се впаричи, вели Јовески.

Тој потенцира дека укинувањето на мерката притвор е одлука на судот и затоа во овој момент не може да ја коментира.

– Обвинителството ги коментира тие одлуки во делот на правните лекови од една страна, а од друга страна јас се уште не сум ја видел одлуката, ниту образложението на донесената одлука, истакна Јовески.

Појасни дека гаранцијата во основа се полага во пари, во вредности или во други драгоцености коишто лесно можат да се впаричат и дека висината на гаранцијата зависи од семејните и имотните состојби и личноста на обвинетиот.

Не мало значење, според државниот јавен обвинител, има и податокот дека за дел на имотот претходно е воспоставена хипотека од Комерцијална банка Скопје.

– Во постапката Комерцијална банка Скопје даде согласност дека сака да биде доверител од втор ред, додека државата да биде доверител во делот на гаранцијата од прв ред, потоа таа согласност ја повлече и одново даде таква согласност.

Со оглед на тоа што за одобрување на кредитите има посебна постапка и интерни упатства и процедури, а Народната банка се грижи за функционирање на банкарскиот систем во земјата, сметам дека Народна банка треба да испита дали со оваа согласност некој излегол вон рамките на своите службени овластувања, или пак се доведени во прашање интересите на другите комитенти на банката, подвлече Јовески.

Во делот на непроверените изјави дека во судскиот совет кој ја донел одлуката учествувал судија кој бил на боледување, обвинителот Јовески рече дека во овој момент неможе да ја потврди таа информација.

– Тоа веројатно треба да го утврди Судскиот совет, со оглед на тоа што судија којшто е на отворено боледување неможе во тој момент да ја извршува судската функција, додаде тој.

Во делот на предметот „Плацеви на Водно“, Јовески рече дека станува збор за дејствија кои што се извршени пред повеќе години наназад, дека станува збор за дејствија извршени од повеќе лица, дека тоа во тој момент кога се преземале дејствијата било толерирано и дека Обвинителството и другите надлежни институции тешко можат да ги прибираат доказите, но со напор на обвинителите, се разбира и на другите служби од кои Обвинителството бара определени податоци, ние имаме релевантни докази за ова кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не бегам, зошто да бегам“, рече Мијалков по излегување од затворот во Шуто Оризари

Се наложува Сашо Мијалков веднаш да биде пуштен и да се брани од слобода, велат од Основен кривичен суд Скопје

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Институт за демократија: Релативно ниско ниво на квалитет на дебата во Собранието во последните две години

Редакција

УЈП ќе ги „чешла“ фирмите поврзани со “Рекет“ и Меѓународниот сојуз на Боки 13

Редакција

Општеството е во депресија, живееме во тешки постковид времиња обременети со економска криза и изместени вредности, вели психологот Велески

Редакција