Во Кавадарци пристигна специјализираното возило за отстранување на непрописно паркираните возила кое ќе биде во сопственост на новоформираното Јавно претпријатие за паркинзи при Општина Кавадарци, информираше градоначалникот Митко Јанчев.
„Со ова се оформува проектот за зонско паркирање што опфаќа регулација на паркирањето во градот. Според проектот кој официјално ќе биде промовиран деновиве граѓаните ќе мораат да ги почитуваат прописите и правилата за паркирање на главните улици во Кавадрци“, напиша Јанчев на неговиот фејсбук-профил.
фото: Фејсбук-профил на Митко Јанчев
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.