еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија и официјално влезе во рецесија

Стапката на раст на Бруто домашниот производ (БДП) во третото тримесечје е -3,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во овој период финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, номинално опаѓа за 1,4 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто домашниот производ изнесува 66 проценти.

Извозот на стоки и на услуги номинално е намалено за 6,8 проценти, а увозот на стоки и на услуги бележи намалување во номинален износ од 3,2 проценти.

Најголем пораст е забележан во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство од 5,2 проценти, Градежништвото од 3,4 проценти  и во Информации и комуникации од 3,3 проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка ја намали проекцијата: Пад на БДП од 4,9 за годинава, догодина раст од 3,9%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија, во договор со Романија, Словачка и Бугарија ќе забрани увоз на украинско жито

Редакција

(Фото) Има ли дозвола за градба музејот на УЧК во Сопот, во кој виси и картата на „голема Албанија„

Редакција

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

Редакција