еМагазин
Image default
Бизнис

Пад на индустриското производство во октомври од 5,2 отсто

Индустриското производство во октомври годинава бележи пад од 5,2 отсто во однос на октомври 2019, а од почетокот на годинава до октомври во однос на периодот јануари-октомври лани има пад од 11,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 1,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3,7 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, на пијалаци, на текстил, на облека, производство на други неметални минерални производи, на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, на електрична опрема и производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 0,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,3 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 35,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11,1 отсто, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1,3 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Duferco Skop SA купи уште 9.000 акции на Макстил

Редакција

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар

Редакција

„Мода“ оствари добивка од 11,9 милиони денари за девет месеци

Редакција