еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пак дојави за бомби во скопски училишта, сите се лажни

Лажни се сите дојави за поставени бомби во 19 училишта во Скопје што биле доставени вчера попладне на нивните електронски адреси.

-Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кираца Трајковска прва го поврзала грабнувањето на Вања со исчезнувањето на Панче

Редакција

(Видео) Приказната за пријателството на Гојко од Шибеник и лебед го разнежни Балканот

Редакција

Од Украина досега евакуирани околу 120 македонски граѓани, меѓу кои и неколку Украинци

Редакција