еМагазин
Image default
Македонија

Панчо Минов ќе гласа за уставните измени, за Елизабета Канческа Милевска не знам, вели Заев

Премиерот Зоран Заев очекува пратеникот Панчо Минов од ГРОМ да гласа за уставните измени, но и оти се уште не може да каже дека се обезбедени потребните 80 пратеничките гласови.

– Пратеникот Панчо Минов ќе гласа, работеше на амандманите. Вграден е на три-четири пати во амандманите со неговата креативност во предлозите и тоа ќе биде составен дел во новиот Устав доколку се изгласа, изјави Заев по врачувањето на првото решение за овластен економски оператор во Владата.

Одговорајќи на новинарско прашање за позицијата на пратеничката Елизабета Канческа Милевска, Заев рече дека таа е длабоко навлезена во процесот, запознаена е со сите детали. Одлуката, вели, ќе ја носи лично таа, нејзината пратеничка група и секој пратеник поединечно.

– Не можам да кажам дали ќе гласаат 80 пратеници, или пак ќе бидат 79 или 82 или 88, никој тоа сега не може да го каже. Верувам дека процесот на разговори кој течеше дава можност да веруваме дека ќе се обезбеди потребниот број од 80 пратеници, тоа е конечната цел и за тоа разговараме, дополни Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Се бара можно решение со Беса, идентитетот не е загрозен

Касами демек голем фраер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството формира комисија за следење евентуални нерегуларности на референдумот

Редакција

Приведен Андреа Поповски, поранешен в.д. директор на Централен регистар

Редакција

Нови 399 случаи на Ковид-19, во Скопје 197

Редакција