еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

„Пандора документи“: Српскиот министер за финансии, Мали, купил 24 стана на Црно море во Бугарија

Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ИЦИЈ) вчера ги објави “Пандора документи“, збирка од околу 12 милиони документи, кои откриваат дека светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова афера – “Пандора документи“: Светски лидери, милијардери и ѕвезди криеле милиони долари во офшор компании

Мрежата за истрага на криминал и корупција (КРИК) од Србија, која е дел од овој проект во кој учествуваат 150 медиуми ширум светот, ги потврди своите претходни информации дека министерот за финансии на Србија, Синиша Мали, кога бил градоначалник на Белград, се стекнал со 24 луксузни станови на Црно море во Бугарија.

КРИК објави дека како сопственик на две офшор-компании од Британските Девствени Острови, Мали купил 23 стана, а уште еден купил на свое име.

Новинарите од КРИК и новинарската мрежа ОЦЦРП во 2015 година објавија дека Мали, тогашен градоначалник на Белград, купил 24 апартмани во бугарското летувалиште Свети Никола на брегот на Црно Море и предизвикаа бурни реакции во јавноста, бидејќи нивната вредност од околу пет милиони евра далеку ги надминуваше приходите на Мали.

Тој тогаш ги обвини новинарите дека лажат и призна дека купил само еден стан.

Набргу по купувањето станови во Бугарија, кои на пазарот имале вредност од околу пет милиони евра, Мали почнал да ги продава.

Во “Пандора документи“ се споменува и кумот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и поранешен директор на Електричната мрежа на Србија, Никола Петровиќ, за кого е објавено дека “скриен“ зад офшор-фирма ја купил авиокомпанијата на Станко Суботиќ, за само 100 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пандора документи“: Црногорскиот претседател Ѓукановиќ со син му го криеле богатството во пет држави

Илустрација: КРИК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за двајцата насилници во автобусот на ЈСП кои се закануваа на жена дека ќе ја „стават во киселина“

Редакција

Убава вест: Уште само 23 здравствени работници во Македонија се заболени со коронавирусот

Редакција

Радев го назначи Стефан Јанев за нов привремен бугарски премиер, на местото на Захариева доаѓа Светлан Стоев

Редакција