еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пановски за употребата на антибиотици во време на Ковид-19: Немајќи протоколи се предлагаат и непотребни лекови

По повод 18.11. Европски ден за рационална употреба на антибиотици и Светската недела за разумна употреба на антибиотиците 18-24.11.2020 професорот и доктор Никола Пановски на неговиот фејсбук-профил објави едукативен плакат од Светската здравствена организација (СЗО) за антимикробна резистенција (АМР) и Ковид-19.

Тој смета дека сите матични се едуцирани, ама дел од нив подлегнуваат на притисок на пациентите, им пропишале на над 60.000 здрави лица рецепт, да си го имаат во резерва.

„Инаку знаат да препознаат кога вирусната инфекција се комплицирала со бактериска, ако го прегледаат пациентот и направат лабораторија. За жал некои од нив послегнаа на паника, и немајќи протоколи предлагаат и непотребни лекови,“ вели Пановски, кој е и претседател на Комисијата за контрола на АМР на Македонија.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен амбулантски третман на ноќната апнеа со „Celon elite“

Редакција

(Фото) Иванов за Велигден со семејството во Охрид

Редакција

Поради корона вирусот во Дебар и Центар Жупа можно воведување карантин

Редакција