Малезиски авион морал да се врати назад во Саудиска Арабија откако една патничка, по полетувањето сфатила дека си го оставила бебето на терминал, пишува Гардијан.
Пилотот, морал да го исполни невообичаеното барање на патничката, откако екипажот бил информиран дека бебето е заборавено на терминал. Авионот требал да лета кон Куала Лумпур.
Она што ќе остане запаметено е разговор на пилотот со контролата на летање кога ги прашува за дозвола за враќање назад, бидејќи ги информира за случајот за кој операторите слушаат со неверување.
„Во ред, вратете се назад. Ова е скроз ново за нас“, вели еден од операторите.
Многу ретко се случува, авион да се врати назад освен ако не станува збор за технички проблем или здравствен проблем на патниците.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.