еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Пазар на штета на себе и признавање на вина која не постои“, вели Груевски за денешното судење за „Титаник“

Поранешниот премиер Никола Груевски се јави на Фејсбук по повод денешното судење за случајот “Титаник“, на кое Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и Миле Јанакиески признаа вина.

„Целта на власта и на Јавното обвинителство е низ еден долгогодишен мачен судски процес на политички монтирани судски процеси, дел од политички таргетираните обвинети лица да бидат неправедно осудени, а дел и затворени за констукции, за кои наместо докази се нудат претпоставки, незаконски обезбедени т.н. докази или уценети сведоци.

Исто така цел е дел од таргетираните неправедно обвинети, доведени до агонија од долгите и исцрпувачки судски процеси, некои од нив претрупани и со голем број конструирани судски предмети, од кои со години неможат нормално да функционираат, после долгогодишна борба и докажување на правдата, низ еден процес на нудење „пазар” од страна на Обвинителството да бидат приклештени на правење штета на себе и потенцијално на други, а верувајќи дека со тоа ќе одбегнат поголема штета, да се понижат и да се принудат самите да си признаат вина која ја немаат. Вина која не постои,“ пишува Груевски на Фејсбук.

Судењето за Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и останатите кои не се чувствуваат виновни продолжува на 9 март, а за обвиниетите кои признаа вина на 28 февруари.

Освен поранешниот премиер Груевски  во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот „Титаник“ го води судијата Осман Шабани, додека, обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресуда за обвинетите кои признаа вина во случајот „Титаник“ на 28 февруари

Обвинителката Стефанова побара поблаги казни за Јанкулоска, Јанакиески, Протуѓер бидејќи признале вина за „Титаник“

Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДИК: Два услова за успешен референдум

Редакција

За исто работно место во администрацијата се дава различна плата, открива Државна ревизија

Редакција

Кои 10. фирми имале најголем удел во јавните набавки лани

Редакција