еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско со намалена добивка во првите девет месеци

Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-септември 2022 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ од 74 милиони денари, а истиот е понизок за 6% споредено со истиот период лани, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Главните причини за послабиот резултат се: пораст на трошоците за енергија за 203% во однос на минатата година, како и раст на сите влезни цени за набавка на суровини и репроматеријали и појава на Африканска чума и неможност да извезуваме на некои наши пазари“, велат од компанијата.

Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-септември 2022 година изнесуваат 4.010 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 13%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,9%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2021 година бележат зголемување од 13%.

Остварените вкупни расходи во периодот јануари-септември 2022 година изнесуваат 3.933 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 15%, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Весна Кутревска повторно купи акции во Пекабеско

Поради замрзнатите цени, Пекабеско со намалена добивка во првите шест месеци

Фото: Пекабеско

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Андреја Јосифовски на 45. место на листата на најбогатите во регионот

Редакција

Решен проблемот со парното во Скопје Север

Редакција

Македонските граѓани ќе може да патуваат во Велика Британија без два пати да прават ПЦР-тест и 10 дена да бидат во карантин

Редакција