Пекабеско АД Скопје за периодот јануари-јуни 2023 оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, информираше Друштвото преку Македонската берза.
Во овој период Друштвото остварило севкупна добивка од 79.007 илјади денари, а истиот период претходната година истата била 43.230 илјади денари.
-Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-јуни 2023 година изнесуваат 2.483 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат намалување од 1%.
Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 99%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2022 година бележат намалување од 1%.
Остварените вкупни расходи во периодот јануари-јуни 2023 година изнесуваат 2.446 милиони денари и се на исто ниво како и во 2022 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекабеско со зголемена добивка во првиот квартал
На менаџерскиот тим на Пекабеско лани исплатени 105 милиони денари за плата и надоместоци