„Пекабеско“ АД за периодот јануари-декември 2019 оствари позитивен консолидиран финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен биланс на успех во износ од 110,8 милиони денари и истиот е понизок за 6,8% во споредба со претходната година, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„Главна причина е покачување на трошоците за вработени и поскапување на суровината на свинско месо“, додаваат од компанијата.
Оттаму информираат дека остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2019 година изнесуваат 5.046.800.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 5,4%.
„Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,7%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2018 година бележат пораст од 5,3%.
Приходите од извоз изнесуваат 655.800.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 се повисоки за 13,3%
Остварените вкупни расходи во периодот јануари-декември 2019 година изнесуваат 4.938.100.000 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2018 година бележат пораст од 6,4%.
Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-декември 2019 година изнесуваат 65,3 милиони денари и кумулативно за 7 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 538 милиони денари“, соопшти компанијата.
„Пекабеско“ АД за периодот јануари-декември 2019 реализираше 18 нови вработувања.
„Испoлнувањето на финанскиот план за 2019 е извршен со 103,1% во делот на приходите од продажба и 86,8% во делот на добивката. За наредниот период компанијата очекува приходите од продажба и добивката да се исполнуваат согласно планираните резултати“, додаваат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
40 години Пекабеско: Децениската успешна македонска приказна продолжува да се шири низ целиот свет
„Пекабеско“ ја зголеми добивката