Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2021 година на Пекабеско АД Скопје изнесуваат 11,2 милиони денари и кумулативно за 8,5 години од кога е активиран новиот производствен-дистрибутивен погон инвестициите во основни средства достигнаа 592 милиони денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.
“Пекабеско за периодот јануари-јуни 2021 реализираше 27 нови вработувања, а 29 вработени го напуштија друштвото. Бројот на вработени на крај од вториот квартал изнесува 451“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пекабеско со зголемена добивка во првите шест месеци од годинава
Колкава плата лани имал Слободан Кутревски и менаџментот на Пекабеско
„Пекабеско“ оствари добивка од 22,9 милиони денари во првите три месеци од годинава
Фото: Пекабеско