Од пекарската индустрија вчера соопштија дека трговците на мало не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа и поради тоа пекарите бараат од Владата да ги активира инспекциските служби.
-Денеска, по одржаниот прес за одлуките на пекарската индустрија, трговците на мало ги уценуваат пекарниците и не прифаќаат да го продаваат лебот со пет отсто маржа, што е незаконски и ја кршат одлуката што е претходно донесена.
Вака настанатата ситуација е директно поврзана со последните штетни одлуки за пекарската индустрија. Бараме од Владата да ги испрати инспекциските служби и јавно да ги информира за последиците трговците на мало за нивното непочитување, наведуваат пекарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре леб и за 33 денари, пекарите ќе почнат правна битка со Владата
Фото: Унсплеш