Во Градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во големите супермаркети, смета министерот за економија Крешник Бектеши.
Вели дека тоа е негов личен став и ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот.
Во внатрешноста на земјава, додава, цените се пониски од 32 денари.
– Како Министерство за економија таква работа нема да дозволиме додека имаме механизми да постапиме согласно Законот за трговија. Тука нема ништо спорно, имајќи предвид дека е дециден членот 29 и членот 30 – дека во одредени ситуации Министерството за економија може да ѝ предложи на Владата вакви ограничувања или обврски, и дека една од мерките може да биде замрзнување или определување на највисока цена за одреден производ, вели Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
МИА/Фото: Унсплеш