Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република Северна Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, вели претседателот на државата Стево Пендаровски.
Тој во изјава за Дојче Веле, нагласува дека токму продуктивниот политички дијалог многу недостига во нашата земја.
Изјавата на претседателот е дадена откако вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека на негово барање остварил телефонски разговор со шефот на државата, со кого договорил утре да имаат средба на која ќе разговараат во врска со осудените за случајот „27 април“ и за актуелните економски и политички состојби во земјава.
И Мицкоски вчера на брифингот со новинарите рече дека одмрзнувањето на односите со претседателот Пендаровски е поради тоа што на земјава и е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители.
Одмрзнувањето на односите со Пендаровски, Мицкоски го оцени како поддадена рака во, како што нагласи можеби најтешките историски времиња на нашата државност. Во една таква ситуација, потенцира, некој морало да преземе чекор во интерес на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ минатата година соопшти дека ќе ги замрзне односите со претседателот на државата откако тој по парламентарните избори одлучи да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ ги одмрзнува односите со претседателот, в петок средба на Пендаровски и Мицкоски
МИА/Фото: Кабинет на претседателот