еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пендаровски претставник на Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе учествува на Годишниот состанок на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос, Швајцарија.

Предвидено е претседателот Пендаровски денеска да учествува и да говори на панел сесијата „Во одбрана на Европа“, што започнува во 08:30 часот, а на која ќе говорат и претседателите на Полска, Анджеј Дуда и на Литванија, Гитанас Науседа, министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Шпанија, Хозе Мануел Алваерез Буено и лидерка на Демократските сили на Белорусија, Светлана Тихановскаја, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Сесијата „Во одбрана на Европа“ можете во живо да се проследи на: weforum.org.

Во рамки на форумот во Давос, претседателот Пендаровски ќе учествува и на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, а ќе има и повеќе билатерални средби со учесници на форумот.

Годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос, насловен „Соработка во фрагментиран свет“ се одржува од 16 до 20 јануари 2023 година, а учествуваат лидери од политиката, бизнисот и граѓанското општество кои ќе дебатираат за состојбата во светот и за приоритетите за годината што претстои.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Илјадници граѓани повторно кажаа НЕ на “францускиот предлог“, емотивно обраќање на Ребека

Редакција

Урошевиќ: Постојаното учење нѐ збогатува и ни ги обновува виталните сили

Редакција

Новогодишниот концерт на Танец, утре премиерно на МРТ

Редакција