еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендаровски вели да не се брза со уставните измени за вметнување на Бугарите во Уставот

Претседателот Стево Пендаровски смета дека не треба да се брза во процесот на уставни измени за вметнување на Бугарите во преамбулата на Уставот, затоа што има 14 месеци до завршувањето на процесот на скрининг. Дотогаш, вели, може да детектираме и поправиме нешто во однос на потребните реформи, а кога тој процес ќе биде при крај, тогаш да се види дали се има потребното дотретинско мнозинство.

-По мене суштински е во тој процес да не се оди со главата нанапред без да се мисли каде евентуално може да удриме. Не би сакал ни случајно, ниту како граѓанин, ниту како претседател да видам процеси слични на усвојувањето на Преспанскиот договор, рече Пендаровски во Тема на денот на ТВ Сител.

Мојот совет до Владата и до јавноста е да одиме плански и да не брзаме во тој процес.

-Имаме 14 месеци скрининг. Не мислам дека тоа треба да биде апсолутен политички приоритет број еден. Ние имаме толку многу реформи со скрининг да ги детектираме и поправиме и кога ќе дојде време на крај тој процес тогаш ќе прашаме во Парламентот имаме ли сега двотретинско мнозинство, вели претседателот Пендаровски.

Тој смета дека се смешни тврдењата на опозицијата дека ќе се изборат за нова преговарачка рамка, или за поништување на Преспанскиот договор.

-Тоа е приказна за мали деца. Ќе го преговараме Преспанскиот или нова рамка. Од она малку што го знам за меѓународни односи и преговори, а ги имаше многу од Рамковниот договор во 2001 навака, тврдам дека тоа е невозможно. Можно е само ако државата се вика САД, Франција, Германија, Кина Русија …, рече претседателот Пендаровски.

Тој истакна дека во однос на францискиот предлог има нова анкета за поддршката од македонските граѓани која бележи, според него, поприлично голем пад на оние кои се против него.

-Има понова анкета во која процентот на лица кои не го поддржуваат францускиот предлог од 70 отсто колку изнесуваше летото, сега е паднат за околу дваесет отсто, што е драстично пониско. Се уште не сме во мнозинство за таканаречениот француски предлог, но факт е дека отако луѓето видоа дека нема никаква опасност се намалува процентот на оние кои се против, рече Пендаровски.

Потврда дека, како што нагласи претседателот, француската рамка или претходно бугарските барања, не не поништуваат, не не оспоруваат како Македонци е потпишаниот договор со Фронтекс на македонски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонија и ЕУ го потпишаа Договорот со Фронтекс на македонски јазик

-Атаците на Бугарија неспорно две годии наназад беа насочени кон македонскиот идентитет. Клучна битка во преговорите беше да го задржиме идентитетот односно јазикот, бидејќи другите работи се лична работа на секој од нас, јазикот да биде официјален покрај сите други официјални во ЕУ. Ние тоа го имаме и нема никаква ѕвездичка, има македонски јазик, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ од среда ќе почне со најавените протести

Редакција

Филипче очекува колективен имунитет на Ковид-19 да се постигне до крајот на летово

Редакција

Убава вест: Рекордни 534 новооздравени од корона вирусот, во Скопје 353

Редакција