еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пет членови на претседателството од „огнените“ го напуштија ДУИ, партијата жали за нивната одлука

Централното претседателство на ДУИ изразува длабоко жалење за одлуката на петтемина членови на претседателството на партијата за самоотстранување од Централното претседателство на ДУИ, одлука што ја донеле на состанокот на Централниот комитет на 1 април годинава, се вели во соопштението од Мала Речица.

Централното претседателство, како што се наведува во денешното партиско соопштение, ја официјализира одлуката за претсоен изборен процес во ограноците на ДУИ што ќе се одржи на 2 јули.

-Овие избори во ограноците на ДУИ, кои ќе се одржат по принципот „еден член“ еден глас, ќе послужат како платформа за колективно одлучување и дополнително ќе ги зајакнат демократските вредности што ја карактеризираат нашата партија. Демократската унија за интеграција продолжува да работи за напредок, единство и непоколеблива посветеност на принципите кои не водеа во текот на досегашното патување, се вели во соопштението.

Од ДУИ посочуваат дека Централното претседателство констатирајќи врз основа на веродостојни анализи и информации дека во нашиот регион се создава нова динамика како единствена можност за забрзан пат за интеграција на земјата во Европската унија, ја нагласува неопходноста од исполнување на нашите обврски како држава, преку уставни измени кои, како што наведуваат во соопштението „ќе ни овозможат да го доловиме овој историски момент и да обезбедиме европска иднина на нашата земја“.

-Силно веруваме дека искористувајќи ги сегашните можности, ќе продолжиме да ја водиме нашата земја, заедно со коалициските партнери, кон европската интеграција за да обезбедиме посветла иднина, стабилност, благосостојба и просперитет за сите граѓани, велат од  Демократската унија за интеграција.

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се организира протест „Правда за Никола Груевски“: Има некој што смета дека тој не треба да оди во затвор

Редакција

Kонститутивната седница на Собранието на 28. мај, ќе ја води највозрасниот пратеник

Редакција

Трагедија: Двегодишно дете се удави во канал за наводнување во атар на село Долно Чичево

Редакција