еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков потврди дека нема тргање на ветото за Македонија до јуни

Патот на Република Северна Македонија кон Европа е во интерес и на Бугарија, но не пред таму да се гарантираат правата на Бугарите, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков.

Тој во интервјуто за бугарската телевизија „Нова“ негираше дека е договорено до јуни тргање на ветото на Бугарија. Според него, ништо нема да се направи без гласање во Парламентот и широка јавна расправа.

-Доколку правата на Бугарите со промената на Уставот се гарантирани од ЕУ, со други зборови промената треба да биде дел од пакетот мерки вклучени во Договорот за Република Северна Македонија и нивна должност е да го сменат Уставот на патот кон Европа, тоа е веќе еден чекор напред, рече премиерот.

Тој смета дека ветото треба да се помести, а не да се укине.

-На РСМ и го даваме патот кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамен и на тој начин ја користиме цела Европа за да го обезбедиме напредокот што го сакаме како Бугари, појасни премиерот.

Тој рече и дека првото поглавје за влез во ЕУ не може да се отвори без да се смени Уставот. Потоа додаде, веќе не мора да „го менуваат Уставот затоа што Бугарија сака, туку затоа што таков е нивниот договор со ЕУ, кој го дефинира патот на РСМ како земја членка“.

-Ние мораме да го побараме тоа, мора да го ставиме во договорот. Не треба да чекаме некој да ни ја заврши работата. Најглупавата работа што би ја направиле сега е да се сопнеме против бугарскиот интерес. Сега таму имаме нормална влада и таа е подготвена да ги преземе своите обврски преку европски договор, вели бугарскиот премиер Петков.

Бугарија веќе две години го блокира почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ со тврдење дека земјава ја краде бугарската историја и дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Едно од бугарските барањата е и ставање на Бугарите во македонскиот Устав.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Беса транс“ вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и свесно го прекршувал Законот, велат од Министерството за транспорт и врски

Редакција

На Инфективна клиника капацитетот е речиси исполнет, на помош пристигаат здравствени работници од неколку градови

Редакција

Убава вест: Оздравеа 103 пациенти од Ковид-19, половината од нив од Скопје

Редакција