Осумнаесет прекршоци биле регистрирани во полициска акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, што била спроведена ноќеска во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Велес.
„Од вкупниот број прекршоци, 11 се регистрирани во Велес, два во Кавадарци и пет во Неготино“, информира портпаролот Верољуб Додевски.
Тој најави дека против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА/ Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.