„Проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза. Наскоро започнуваме. А да. 🙂 Во меѓувреме, ова слатко кученце е за вдомување. Истретирано и здраво. Ако има заинтересирани…“, напиша на својот Фејсбук-профил, скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
По реакциите што викендов ги имаше околу тест-возењето на „сегвеј“ и т.н. струен удар, информацијата и фотографиите од средбата поврзана со проектот за реконструкција на стационарот „Лајка“ објавени на неговиот профил на Фејсбук се чини дека се прав потег на пи-ар тимот на градоначалникот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Шилегов се огласи за видеото: Откако помина „струјниот удар”, малку нормална вожња
(Видео) Шилегов хит на социјалните мрежи: Иако секој ден вози, ќе паднеше од електричен тротинет
Фото:Фејсбук/Петре Шилегов