еМагазин
Image default
Локално

Пијат вода „збогатена“ со бактерии

Од испитаните 4.545 примероци вода од селата со сопствен водовод, 35 проценти (1.598) биле бактериолошки неисправни, поради тоа што таа вода редовно не се хлорира, не се дезинфицира и затоа има бактерии.

Тие села се најризични, таму не постои јавно комунално претпријатие кое управува со нив и се случува дел од анализираните примероци да бидат и бактериолошки неисправни, изјави денеска д-р Гордана Ристовска од Институтот за јавно здравје на одбележувањето на 22 Март, Светски ден на водата.

Посочи дека најопасни се индивидуалните водоснабдителни објекти кои жителите ги имаат во сопствените дворови, како бунари, пумпи и слично, кои не подлежат на никаков надзор, а истовремено и сопствениците не преземаат мерки таа вода да биде безбедна. За да биде една вода безбедна, појасни д-р Ристовска, таа мора да подлежи на дезинфекција и треба да биде контролирана.

„Од градските водоводи со вода се снабдуваат над 1,3 милиони жители,  217.000 живеат во села кои се приклучени на градските водоводи, а 439 илјади жители се снабдуваат од сопствен водовод“, рече д-р Ристовска.

Годинава, мотото на Светкиот ден на водата е „Да не оставиме некој зад себе“, што, според д-р Ристовска, укажува дека сите имаме право на безбедна вода, што нема да предизвика болест и  секој треба да ја има во доволни количини и таа да биде достапна во домовите.

„Институтот за јавно здравје го одбележува Светскиот ден со цел подигнување на јавната свест на населението. Со бројни активиности денеска анимираме предшколски и школски деца, за да се запознаат со значењето на водата и врз основа на тоа да го градат односот кон овој природен ресурс“, додаде д-р Ристовска

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумановец нападнал полицаец во каде бар

Редакција

Бесплатен јавен превоз од 18 до 2 часот по полноќ, заради „Бела ноќ“

Редакција

Скопјанец со метална прачка го удрил соседот по глава

Редакција