еМагазин
Image default
Македонија

Пикот на омикрон е во благо опаѓање, но имаме проблем со ниската стапка на вакцинација, оценува Сали

Нашето општество има отпор кон вакцинација и тоа е голем проблем, изјави вечерва министерот за здравство, Беким Сали во гостувањето во емисијата Само вистина на телевизија Канал 5.

„Немаме финално решение за тоа. Ќе продолжуваме да апелираме и да обезбедуваме вакцини и понатаму. Има максимални напори. Жално е што е низок бројот на вакцинирани. Гледаме пациенти кои се жртви на пропаганда, теории на заговор, неспособност. Ние се трудиме да ги развиваме нашите позитивни политики,“ рече Сали.

Министерот оцени дека во моментов пикот на омикрон е во благо опаѓање и сега доаѓаме во фаза на хоспитализации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерство за здравство е во фаза на преговори со „Фајзер“ за набавка на лекот против Ковид-19

Протокол за лекување од Ковид-19 има, но можеби сме мрзеливи да читаме 35 страници, вели Сали

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Александра Цветковска нов пратеник, на местото на Горан Милевски

Редакција

Пополнети 35 болнички кревети на штипското Инфективно одделение

Редакција

Опозицијата бара брзи предвремени парламентарни избори, нема да се повлече иницијативата за гласање доверба на Владата

Редакција