еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

По анексијата на украински региони од страна на Русија, Украина бара „забрзано членство во НАТО“

Украина официјално ќе побара „забрзано членство во НАТО“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Преземаме одлучувачки чекор со потпишување на апликацијата на Украина за забрзано членство во НАТО“, рече тој во видео обраќањето.

Украинскиот лидер тоа го соопшти откако Русија официјално ја официјализираше анексијата на четири украински региони.

Украинскиот лидер додаде дека Киев е подготвен да преговара со Москва, но не со Владимир Путин, туку со друг руски претседател.

„Подготвени сме за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија“, објави Зеленски во видео пораката објавена на неговиот канал на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Столтенберг по одлуката на Русија за анексија на украинските региони: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната

Путин прогласи четири украински региони за дел од Русија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Скопје се тркаа дедомразовци

Редакција

Без изразени симптоми 126 лица од заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

„Заев се враќа во Скопје со ново „жими мајка“ од Меркел“: Твитер реакции за средбата

Редакција