еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

По барање на 39 земји отворена истрага за можни воени злосторства во Украина

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) синоќа соопшти дека отворил истрага за можни воени злосторства во Украина, по барање на голем број земји-членки на Трибуналот.

– Почнува активна истрага на барање на 39 земји-членки на судот. При прелиминарното испитување на ситуацијата во Украина, мојата канцеларија најде основано сомневање дека таму се извршени кривични дела за кои е надлежен овој суд.

Обвинителството сега ќе почне со собирање докази за наводите за воени злосторства, злосторства против човештвото или геноцид на кој било дел од украинската територија против кое било лице,  изјави главниот обвинител Карим Кан.

Украина е членка на МКС од 2014 година, по руската анексија на Крим, додека Русија не ја признава неговата јурисдикција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русите подготвуваат атентат на Зеленски, почнува битката во Кремљ за соборување на Путин, открива хакерската група Анонимуси

(Видео) На протест против војната во Русија уапсена и 77-годишна активистка

(Видео) Украинците со голи раце ги сопираат руските возила: Снимки кои го обиколија светот

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според првичните резултати неважечки 31.107 гласачки ливчиња на изборите

Редакција

Американците сега се главните снабдувачи на гас и нафта за Европа, но цените се многу високи

Редакција

„Новинарите на ИРЛ не се новинари“: ЗНМ со остра реакција за пресудата на судијката Панева

Редакција