еМагазин
Image default
ЖИВОТ

По кратко и тешко боледување почина новинарот Ристе Недановски

По кратко и тешко боледување на 62-годишна возраст, вчера почина новинарот Ристе Недановски.

Во својот животен век, од 1991 година работи како новинар за здравство во редакцијата Вечер- НИП Нова Македонија. Во 1997 година преминува во редакцијата Дневник, во 1999 станува заменик-уредник на економската рубрика и новинар за здравство во редакцијата на Утрински весник.

Од 2004 година е уредник и новинар за здравство во редкацијата Вечер.

„Од активното новинарство се повлекува во 2006 година кога работи како PR менаџер во „Публицист” – Скопје, од 2009 година е извршен директор и PR менаџер во „Концепт маркетинг”, а во 2011 година е уредник на гласилото на Лекарската комора на Република Северна Македонија, Vox Medici.

Долги години подготвуваше и уредуваше текстови, посебни тематски публикации и инфо-гласила на различни асоцијации, здруженија, организации и компании (Стоматолошка комора на Македонија, „Порака”, Сојуз на помош за лица со ментален хендикеп и други).

Во својот професионален ангажман се истакнува како исклучителен познавач на здравствениот систем во Република Северна Македонија,“ информираат од Лекарска комора.

Автор е и учесник во подготовка на повеќе релевантни меѓународни анализи за состојбите и реформите во здравството.

Фото: Photo by David Tomaseti on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со полициски хеликоптер пренесен македонски граѓанин од Истанбул до Скопје по извршена операција

Редакција

Утринска магла по котлините, преку ден топло со температури до 19 степени

Редакција

Почина познатата српска пејачка Мерима Његомир

Редакција