еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

Бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“ излегува од притвор, потврдија за МИА од Апелацискиот суд Скопје.

Оттаму посочија дека Кривичниот совет на Апелацискиот суд одлучил да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи остануваат во судот, каде ќе треба редовно да се пријавува.

Од Апелација велат дека ќе треба да се завршат процедурите за запишување на хипотеката, по што Камчев ќе се брани од слобода.

Камчев од пред Нова година се наоѓа на лекување во болницата „Систина“. Тој е во притвор од март 2021 година, кога беше приведен под сомнение дека се подготвува за бегство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев на лекување во „Систина“

Пред Нова година на слобода излезе и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој исто како и Камчев беше во притвор за случајот „Плацеви на Водно”.

Првообвинет во случајот „Плацеви на Водно“ е поранешниот премиер Никола Груевски, кој се гони дека присвоил 1,3 милиони евра од партиски донации со кои се купувани плацеви на Водно. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бекир Кадриески го копира Христијан Пендиков, отиде да се лечи во Бугарија

Редакција

(Фото) Богатство од вкусови во Diamond Mall – се отвора „Гурманската авенија“

Редакција

Енергетската криза пресудна за соединување на ТЕЦ Неготино и ЕСМ, велат од компанијата

Редакција