еМагазин
Свет

По „Синиот кит„, нова опасна игра, „Момо“ се шири на социјалните мрежи

По „Синиот кит”, опасна игра поради која неколку стотици деца во светот извршија самоубиство, се појави уште една контроверзна онлајн игра – „Момо“, која се распространува преку апликацијата Ватсап.

Играта е наменета за најмладите корисници, а последица може да биде и самоубиство, укажуваат стручни лица.

Имено, приказната почнува со контакт со Момо, женски лик со застрашувачки изглед, со крупни очи, за која се смета дека е инспирирана од хорор куклата на јапанскиот уметник Мидори Хајаши, кој формално нема никаква врска со играта.

Децата откако ќе контактираат со Момо, добиваат  серија предизвици, а доколку тие одбијат, следи казна и добиваат заканувачки и вознемирувачки телефонски пораки и фотографии.

Бизарната онлајн игра е пријавена во Аргентина, во Мексико, во САД, во земјите на Јужна Америка, во Франција и во Германија, а се проширува и во другите европски држави.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украинците стравуваат дека Русите ќе ја нападнат „Азовстал“ до 9 мај, во тек се обиди да се спасат преостанатите украински борци

Редакција

Исчезна лекарот кој го лекуваше рускиот опозициски лидер Навални во Сибир

Редакција

Хакерската група „Анонимуси“ во „офанзива“, „соборија„ над 300 страни на руски владини агенции, компании, медиуми, банки

Редакција