Украинската група „Калуш оркестар“ што победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија го продаде освоениот трофеј за 900 илјади долари, а средствата ги намени за одбрана на Украина.
Кристалниот микрофон освоен во Торино е продаден на аукција преку Фејсбук, со цел да се купат дронови за украинската армија, јави „Би-Би-Си“.
Продажбата се совпадна со настапот на групата на хуманитарен концерт пред Бранденбуршката порта во Берлин, наменет за собирање пари за медицинска нега и опрема.
Во своето обраќање пред присутните на концертот Олег Псијук од „Калуш оркестар“ ги повика луѓето да не се навикнуваат на војната во која, според податоците на ОН, загинаа најмалку 4.031 цивили, а 4.735 се ранети, додека бројот на загинати војници не е познат.
Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари досега земјата ја напуштија повеќе од 14 милиони луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Очекувана победа на Украина на Евровизија, кои се останатите земји во Топ 5
МИА/Фото: Унсплеш