еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Победникот на „Санденс“ 2021 е филмот „Улиште“

Четврта година по ред, на Санденс, (најголемиот фестивал за независен филм во САД), присутен е проект кој е финансиран од Агенцијата за филм на Р. С. Македонија. Овој пат тоа е „Улиште“ кој е во малцинска ко-продукција на македонскиот продуцент „Црна мачка продукција”. „Улиште“ ги освои најзначајните награди на Санденс: Најдобар филм, Најдобра режија и Награда од публиката.

Малцинските копродукции стануваат клучен фактор за освојување на светската кинематографија токму преку вакви соработки кои се препознавани од националните агениции за филм.

Филмот „Улиште“ (Hive) на косовската режисерка Блерта Башоли, каде С. Македонија се јавува како земја ко-продуцент со поддршка на Агенцијата за филм во 2018 година е всушност копродукција помеѓу Косово, С. Македонија, Швајцарија и Албанија.

На Санденс во изминатите години бевме присутни преку филмовите: во 2018 „Види ја ти неа” на Горан Столевски (наградата Најдобар интернационален игран филм во категорија на кратки филмови), 2019 „Медена земја” (Големата награда на Жирито, Најдобар документарен филм и Награда за најдобра кинематографија) и во 2020 „Налепница” на Георги Унковски, каде ја имаше својата светска премиера.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Comodita Home донираше душеци на Детска клиника Козле: Почнува хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“ во вредност од над 100.000 евра

Редакција

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Редакција

Македонскиот хируршки тим распореден во НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул денеска се врати дома

Редакција