еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поблаги казни за обвинетите во „Трезор“, се менува кривичното дело за случајот

Се менува кривичното дело за случајот „Трезор“, кое го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), со што обвинетите ќе добијат поблаги казни.

Во овој случај, кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија, првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. 

Како што денеска информира од Кривичен суд, јавниот обвинител извршил прецизирање на обвинителниот акт и преквалификација на кривичното дело согласно измените на Казнениот законик (КЗ) за еден од обвинетите, додека одбраната барала тоа да се примени и за останатите.

– Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа главната расправа за предметот со КОК бр. 214/22 од обвинителството означен како „Трезор“ на која јавниот обвинител, имајќи ги предвид измените и дополнувањата на Кривичниот законик изврши прецизирање на обвинителниот акт, како и преквалификација на кривичното дело од член 353 ст. 5 во став. 4, а во врска и со други членови, па врз основа на тоа побара за обвинетиот Н.С. да се примени поблагиот Закон и судот да донесе соодветна одлука во правец на измените во КЗ.

Одбраната пак побара од судот поблагиот Закон да се примени и за останатите обвинети, без разлика на прецизирањето на акт, за што судот ја одложи расправата за 24.11.2023 година во 09:00 часот за кога побара и јавниот обвинител дополнително да се произнесе за предлогот на одбраната, информираа од Кривичен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бројчаникот да врти колку пари ќе му вратиме на Мијалков„: Твитер за застарувањето на „Таргет-Тврдина“, делото за масовното прислушување

Мијалков на повтореното судење за „Трезор” се изјасни за невин

Мијалков нема да одговара за прислушувањето, застаре делото за „Таргет-Тврдина„, трошоците за судењето ќе ги платат граѓаните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

10 најголеми должници на новата Листа на УЈП

Редакција

Додека нема мировен договор со Украина, санкциите за Русија остануваат

Редакција

Садула Дураки од ДУИ поднесе оставка од функцијата заменик претседател на ОД на Македонски Телеком

Редакција