На 66 години вчера почина градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ. Тој починал од срцев удар.
Бандиќ важи за една од најконтроверзните личности на политичката сцена во Хрватска, откако цели 20 години во шест мандати беше избиран за прв човек на градот.
Тој првпат стана градоначалник во 2000 година, но две години подоцна поднесе оставка откако пијан предизвика сообраќајна несреќа, по што се обидел да подмити полицаец. На функцијата повторно беше избран во 2005 година.
За време на неговите мандати неколку пати беше апсен под сомнение за финансиски малверзации, но секогаш изглегуваше како победник и повторно беше избиран на функцијата.
Во 2009 се кандидираше и за претседател на Хрватска, но во вториот круг беше поразен од Иво Јосиповиќ.
Според хравтските медиуми, до наредните локални избори со градот Загреб ќе раководи заменик-градоначалничката Јенела Павичиќ-Вукичевиќ.
Фото:Фејсбук/Бандиќ