еМагазин
Image default
Локално

Почина мигрант по удар од локомотива на пругата Велес-Градско

На 11.06.2020 во 04.00 часот било пријавено дека на потегот помеѓу железничката пруга Велес-Градско, пред с.Згрополци, локомотива удрила во едно лице – мигрант, кој се здобил тешки телесни повреди, информира МВР.

Tој бил транспортиран кон Општата болница Велес, но по пат им подлегнал на повредите. Извршен бил увид на лице местото на настанот од увидна екипа од СВР-Велес. Железничкиот сообраќај бил во прекин до 06.35 часот заради вршење увид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за двајца стружани кои и се заканувале на раководителка во општина Струга

Редакција

За пет часа санкционирани 55 прекршоци при престигнување во Тетово и Гостивар

Редакција

Обид за изнуда на 20.000 швајцарски франци во Струга

Редакција