еМагазин
Image default
Локално

Почина скопјанец откако му се слошило по сообраќајна несреќа

На 12.04.2021 околу 13.10 часот на ул.„11 Октомври“ во Скопје, пред Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(37) од Скопје и патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.В.(50) од Скопје, информира МВР.

„По незгодата, кај сопатникот во патничкото возило „мерцедес“  Е.М.(70) од Скопје, кој имал здравствени проблеми и му била влошена здравствената состојба, во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, била констатирана смрт без траги од удар од незгодата, додека кај другиот сопатник Б.И.(46) од Скопје и возачот на другото возило Ј.В. биле констатирани телесни повреди.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лизгање на земјиште предизвика несреќа: Двајца браќа загинаа во Чаир

Редакција

Малолетник со пиштол пукал во куче, погодил врсник

Редакција

Малолетници во бесознание и со повреди по телото пронајдени во куќа во Скопје

Редакција