еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Почина легендарниот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китаноски

На 68-годишна возраст почина легендарниот хуморист, сатиричар и имитатор Војче Китаноски.

Како хуморист и имитатор почна да настапува од 1983 година, прво на концерти на срскиот пејач Мики Јевремовиќ, а потоа шест години гостуваше на броjни концерти низ Југославија на легендарниот Тома Здравковиќ.

Роден е во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод, а гимназија завршил во Кичево.

Дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје, а се стекнал и со лиценца за туристички водич.

Автор е на изданијата „Енциклопедија за хумор и сатира“, „Антологија на 500 вицеви за деца“.

Во 2020 ја водеше „Историската тура со маршалот“ околу објектите и наследството од југословенскиот период во организација на Град Скопје.

Причината за смртта на Китановски сè уште не е позната.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За тие што ќе летуваат во Грција: Буквално се е покачено

Редакција

Аргентина прв финалист на Светското првенство во фудбал во Катар

Редакција

Мицотакис најави „многу непријатно искуство“ на Самитот на НАТО, ако не се употребува уставното име

Редакција