еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Почина жената која беше претепана од неготинецот со кој била во вонбрачна заедница

Делото што го сторил неготинец кој деновиве ја претепал жената со којашто живеел во вонбрачна заедница, ќе се преквалификува во потешко кривично дело, согласно новите околности, бидејќи во меѓувреме жената починала. Ова попладнево го потврдија за МИА од Јавно обвинителство Кавадарци.

-Постапката против него е во тек. Тој останува во притвор. Отворена е истрага и таа е во тек. Кога ќе има обвинение, ќе ја информираме јавноста, рекоа од Обвинителството.

Претходно, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе наредба за спроведување истражна постапка против 51-годишен жител на Неготино за кого постоеше основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

-На 2 август, по вербална расправија, осомничениот извршил семејно насилство врз жена со која претходно повеќе години живеел во вонбрачна заедница. Тој повеќе пати ја удирал со бокс во главата, а потоа ја турнал кон туш кабината во бањата.

Оштетената паднала и се здобила со тешка телесна повреда од која западнала во коматозна состојба. По интервенција во Општа болница – Кавадарци, таа била итно пренесена на лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа тогаш од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи оцени дека постои опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за неготинчанец кој ја претепал партнерката, која е во кома

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец го застрелал ротвајлерот на соседот

Редакција

Полицискиот час не го почитувале 133 лица, 26 од нив приведени

Редакција

Уште тројца вработени во затворот Идризово се суспендирани поради бегството на Мемети

Редакција