Министерство за здравство информира дека се починати четворица пациенти, заболени со коронавирусот, со што вкупната бројка достигна 65.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април.
И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок.
Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина.
Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза,“ информираат од Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 53 пациенти, вкупната бројка изнесува 553
Вкупно 1.399 заболени: Само 13 случаи на новозаболени со корона вирусот