Министерството за здравство информира дека се починати 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.
Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.
Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни.
Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г), а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на починати до сега изнесува 188.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бројката надмина 4.000: Нови 162 заразени со корона вирусот, најмногу во Скопје 92
Убава вест: Оздравеа петмина нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.710
Фото: МЗ