Министерство за здравство информира дека од корона вирусот починаа уште три лица.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај.
Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово,“ се вели во соопштението.
Вкупната бројка на починати изнесува 95.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.229
Вкупно 1.694 заболени од корона вирусот: Потврдени нови 20 случаи, половината од Скопје
Денеска почна таргетираниот скрининг со ПСР тестови: Први се тестираат вработените во градинките