На 05.03.2019 година во 13.30 часот на крстосница од улиците „7-Ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид мопед „Томос Спринтер“ без регистарски ознаки, управуван од Т.Ш. (71) од село Велгошти, охридско, излетал од патот и удрил во бандера, информира МВР.
Со возило на Итна медицинска помош Т.Ш. бил пренесен во Општата болница-Охрид каде од здобиените повреди починал. Увид на местото на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.