Масовно тестирање вчера е почнато на сите варботени во штипската конфекција, каде што деновиве се шири коронавирусот, но и на работничките од другите две конфекции кои се превезувале во истиот автобус со заразените до своите работни места.
Ова е една од одлуките од заедничкиот состанок на членови на Комисијата за заразни болести, државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, и Општинскиот кризен штаб, информираше денеска градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.
– Масовното тестирање на работниците се очекува да заврши денеска или најдоцна до утре. Така што, сите текстилни работнички од таа конфекција ќе бидат тестирани и ги очекуваме резултатите. Се надеваме на што помал број заразени.
Се работи за една сериозна анализа, епидемиолошка, која го покажува движењето на овие луѓе, кои се контактите, движењето во автобусите, дезинфекцијата и сето тоа треба да се заокружи со едно тестирање, рече Бочварски.
До денеска во овој кластер регистрирани се вкупно 19 заболени, покрај работници има и членови на нивни семејства. Епидемиолозите до денеска во изолација и самоизолација од овој кластер ставиле 153 работници, но и нивни контакти со членови на семејства, пријатели.
МИА/Фото: Факултет за ветеринарна медицина
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови текстилни работнички заразени со корона вирусот во Штип, во изолација над 130 лица
Во Кочанско новозаболен од коронавирусот, се тестираат и други лица