еМагазин
Image default
Македонија

Почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи

Министерството за здравство соопшти дека од денеска, преку страницата vakcinacija.mk, почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население.

Станува збор за четиритипна вакцина против сезонски грип, од производителот компанијата „Абот“ од Холандија.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи.

Бесплатната вакцинација против сезонски грип е незадолжителна, наменета е за следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години.

Со пополнување на апликацијата се регистрирате за вакцинација директно во системот „Мој Термин“.

Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, преку смс ќе добиете повратна информација за точниот датум, час и место кога треба да се вакцинирате, информираат од Министерството и додаваат дека граѓаните, кои спаѓаат во ризичните групи може да го искажат својот интерес преку пополнување на апликацијата на линкот: vakcinacija.mk.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студентите од ФИНКИ протестираа, бидејќи нема каде да учат

Редакција

Оставката на Заев ударна вест во Грција

Редакција

Обвинителство: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта

Редакција